Општина Виница
Едукација на возрасни Роми
Општина Виница и ромскиот културно - едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево оваа и наредната година заеднички ќе го реализираат проектот „Роми - дипломирајте, имајте подобар живот“.
Даниел Стојменовски од с. Јакимово - првото новороденче во 2012г.Оваа година општина Виница ќе ја следи машка среќа, првото новороденче во 2012 година е Даниел Стојменовски, прво во Виница, второ на брачниот пар Елена и Зоран Стојменовски. Сребрено признание за Виничкиот Шумски медНа меѓународното оценување на квалитет на медот од реколта 2011 кое се одржа во Вараждин Р. Хрватска, а во организација на „Пчеларство онлаин“ медот со потекло од Виничкиот регион испратен од страна на пчеларот Тимко Јовановски од Виница во категоријата Шумски мед заслужено го освои второто место и се здоби со сребрено признание. Му честитаме на Тимко за добиеното признание. |
Масовно одбележан големиот празник Водици18 годишниот Драган Ѓорѓиев од Виница, меѓу најхрабрите годинава беше и најсреќен. Од триесетина кандидати кои се фрлија во водите на Виничка река, крстот падна во негови раце. Василичарски карневал во организација на ЗЖ “Златно Доба“9 - та година по ред преку 400 жени на возраст од 25-75 години можеа да се видат на василичарското оро во мотел “Слив“ каде најмасовно и најзабавно се продолжи традицијата со василичарскиот карневал. |




















