Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Жителите на село Трсино, маалата Максимци, Софинци, Саисци, од вчера можат да пијат здрава и квалитетно филтрирана вода за пиење. Филтер станицата во Трсино од вчера и официјално е пуштена во употреба. Со капацитет од 10 литри во секунда, инсталираната опрема комплетно ќе ги задоволува потребите на овие жители, кои со години имаа проблем со нечиста и бактериолошки загадена вода за пиење.

- “Досега во селото постоеше тиролски зафат, преку каптажа водата доаѓаше во резервоарот, и имаше голем број нечистотии. Сега, со изградбата на оваа филтер станица, тие нечистотии ќе бидат стопроцентно отстранети. Оваа филтер станица е направена да работи самостојно, автоматски, така да и хлорирањето ќе биде автоматско. Капацитетот е голем, со оваа количина треба да се задоволат потребите на с. Трсино и маалата Софинци и Саисци, а ако има услови ќе го оповрземе и маало Малчовци, денес моменталната потрошувачка е од 2 литри во секунда и ги задоволува потребите, што значи има услови и капацитет за да ги задоволи потребите на поголем број жители“, рече Павле Стојков, вработен во ЈКП “Солидарност“.
-“Опремата е набавена од Израел и е со капацитет преку 10 литри во секунда кој ќе ги задоволува потребите на село Трсино, имаме груб и фин филтер, имаме регулација на филтрите, има фабричка гаранција од една година, ние како компанија даваме уште една, вкупно две години гаранција,“ истакна Вањо Теневски од фирмата ЦМЦ - Скопје.
- “Вкупната инвестиција во овој проект е 7 милиони и 44 000 денари, од кои 25 % е учество на општината, останатите се средства од Светска Банка. После долгогодишните проблеми со нечиста вода, конечно преку 700 жители на нашето село добиваат здрава и чиста вода за пиење. Бенефитот ќе го почувствуваме ние самите жители овде“, истакна Зоран Ристовски, претседател на Месната Заедница во с. Трсино.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk