Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Учениците од Виница организираа младинска акција, поддржана од Општина Виница и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум.

Со почитување на протоколите за заштита, учениците од основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Кочо Рацин“, „Никола Парапунов“ и средното училиште „Ванчо Прке“ заедно со наставници-ментори реставрираа, поправаа и боеја клупи во техничката работилница во средното училиште „Ванчо Прке”. За да се разубави училишниот двор на единственото средно училиште во општината и младите да имаат пријатен простор за дружење и меѓусебна интеракција, дел од реставрираните клупи се поставија во дворот, а останатите ќе бидат однесени во руралните средини во близина на Виница. На овој начин, учениците придонесоа за заштита на животната средина и ги унапредија нивните практични вештини.
Денес се сретнав и со Ерик Јановски - Претставник на Канцеларијата на УСАИД кој присуствуваше на настанот и со кој дискутиравме за тоа како општината ќе продолжи да ги поддржува младите и нивните иницијативи како и за плановите за соработка со училиштата за унапредување на меѓуетничката интеграција.
Акцијата е резултат од онлајн работилници на кои учествуваа учениците во изминатиот период на коишто ги идентификуваа предизвиците и можните решенија за подобрување на состојбата во нивната општина. Преку онлајн средби за застапување, тие соработуваа и со локалните власти пред кои ги презентираа нивните идејни решенија и ја обезбедија потребната поддршка. Така учениците успеаја да ги реализираат нивните идеи, истакнувајќи ја важноста на младинскиот активизам.
Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во земјава ја унапредува социјалната инклузија, меѓуетничката хармонија и граѓанските вредности. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието се создаваат можности за интеракција помеѓу ученицитеи се поттикнува нивната креативност и младинско учество.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk