Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

На втората седница на совет на Општина Виница се опфатија повеќе точки од кои најзначајна е 3-та точка која се однесува за кварталните извештаи на Буџетот на Општина Виница за период од 01.01.2021-30.09.2021 по која едногласно се гласаше со 15 гласа „ЗА“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ на кварталните извештаи на Буџетот на Општина Виница за период од 01.01.2021-30.09.2021.
Во кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Виница, е искажана реализацијата на приходите и расходите заклучно со 30.09.2021 година . Вкупните приходи на Буџетот на Општина Виница на крајот на овој квартал изнесуваат 237.527.980,00 денари или 70,20% од вкупно планираните, од кои пренесениот вишок на приходи од претходната година изнесува 33.830.671 денар. Приходите на Основниот буџет се остварени во износ од 73.513.397 ,00 денари или 61,49 % во однос на планираните.Од нив даночните приходи се остварени во износ од 27.611.543,00 денари или 58,67%, неданочните приходи се остварени во износ од 1.915.741,00 или 76,02%, трансферите се остварени во износ од 40.028.632,00 или 81,58% (во овој износ влегува пренесениот вишок на приходи од претходната година во износ од 14.827.412,00 денари) и капиталните приходи се остварени во износ од 3.957.481,00 ден. или 18,89 % во однос на планираните. Приходите од дотации се остварени во износ од 156.327.916,00 ден. или 76,47 %, приходите од самофинансирачките активности се остварени во износ од 5.950.51,00 денари или 52,27%, и приходите од донации се остварени во износ од 1.736.116,00 денари или 59,27% во однос на планираните. Од износот на донации: 599.400,00 денари се донации за проектот Општинско корисна работа, 1.093.716,00 денари се донација на единките корисници и 43.000 денари е пренесен вишок на приходи од претходна година.
Вкупните расходи на Буџетот се остварени во износ од 217.116.713,00 денари или 64,17% во однос на планираните. Расходите на основниот буџет се остварени во износ од 70.639.473,00 денари или 59,06% , дотациите се остварени во износ од 142.804.062,00 денари или 69,85%, самофинансирачките активности се остварени во износ од 2.949.109,00 денари или 25,91% од планираното, донациите се остварени во износ од 724.069,00 денари или 24,72%. Тековно оперативните расходи на вкупниот буџет се остварени во износ од 183.06.955,00 денари, што претставува остварување од 67,24% во однос на планираните тековно оперативни расходи или 54,30% од вкупно планираните расходи во буџетот.
Од вкупните тековно оперативни расходи во :
• основниот буџет се реализирани 44.833.032 ден.
• наменска дотација се реализирани 135.406.575 ден.
• самофинансирачки активности се реализирани 2.879.109 ден.
• донации се реализирани 588.239 денари
Капиталните расходи се остварени во износ од 33.409.8,00 денари, што претставува остварување од 51,28% во однос на планираните капитални расходи или 9,87% од вкупно планираните расходи во буџетот. Од вкупните капитални расходи во:
• основниот буџет се реализирани 5.806.441 ден.
• наменска дотација се реализирани 397.487 ден.
• донации се реализирани 13.830 денари.
Во кварталниот извештај за доспеани ненамирени обврски заклучно со 30.09.2021 година се искажани доспеаните а неплатени обврски на Општина Виница во износ од 23.866.998,00 ден. Во овој износ влегуват неисплатените надоместоци на советниците во износ од 1.455.594,00 денари, позајмицата од Републичкиот буџет од 6.000.000 денари, а останатите се обврски спрема добавувачи. Недоспеаните обврски кои не влегуваат во овој извештај изнесуваат 995.603,00 ден.
Во кварталниот извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и јавните претпријатија (К3), прикажано е задолжувањето само на Општина Виница и тоа по:
- Договорот за под-заем склучен со Министерството за финансии на РМ за заем од Светска банка за проект „Подобрување на општинските услуги“ т.е. за „Набавка на две специјални возила за собирање на комунален отпад“ во износ од 8.708.400,00 ден. за кого се повлечени средствата во вкупниот износ и исплатени на добавувачот.Во овој квартал општината имаше обврска за плаќање на главнина во износ од 435.420,00 денари која е платена на 10.08.2021 год, па долгот на крајот на кварталот изнесува 3.483.360,00 ден. и - Договорот за под-заем склучен со Министерството за финансии на РМ за заем од Светска банка за проект „Подобрување на општинските услуги“ т.е. за „Изградба на улица „2008“ блок 12“ и за „Изградба на атмосферска канализација на улици „Браќа Миладинови“ и улица „Илинденска“ во износ од 43.606.046,00 ден. Во овој квартал општината имаше обврска за плаќање на главнина во износ од 2.180.303,00 ден која е платена на 10.08.2021 година, па долгот на крајот на кварталот изнесува 19.622.713,00 ден.
Јавните претпријатија основани од општината немаат земено кредити.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk