Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Денес градоначалникот на Општина Виница – Миле Петков заедно со Претседателот на Советот на Општина Виница – Ацо Ѓоргиевски присуствуваа на официјалното отворање на Винчини Центар за развој и „Прогресив Академија“, односно единствената верифицирана Академија за извршни менаџери во Македонија која е поддржана од „Макпрогрес“, Европска Банка за обнова и развој и Владата на Јапонија.

Фондацијата „Прогресив академија“ е иновативен тренинг центар чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаењa, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Една од програмите во склоп на Фондацијата е Академијата за извршни менаџери која има за цел да ги надгради менаџерските капацитети за компаниите во регионот и пошироко. Целта на Фондацијата „Прогресив академија“ е развој на кадри и фирми, вклучувајќи ги вработените во „Макпрогрес“, регионални претприемачи, менаџери, млади и жени, кои ќе служат за унапредување на регионот и за која цел имаат целосна поддршка од Општина Виница на чело со градоначалникот Миле Петков.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk