Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии.

Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јануари 2013 – јули 2013, Форумскиот процес во општина Виница ќе го спроведува Центарот за институционален развој - ЦИРа.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраeње од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:
 Раководење и координирање со Оперативната група;
 Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
 Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
 Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
 Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
 Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
 Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
 Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ЦИРа и SDC;
 Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:
 универзитетско образование
 познавање на англиски јазик
 активно користење на компјутер (WORD, EXCEL, OUTLOOK)
 познавање на процесот на децентрализација
 искуство во работа со невладини организации
 да е жител на општината
 искуство во фасилитација, координација и известување
 наклонетост кон тимска работа
 одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 11 јануари (Петок) 2013 на следната адреса:
Диме Аницин 9, 1000 Скопје
или на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk