Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

ОПШТИНА ВИНИЦА
ОБЈАВА бр.1/2012
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Виница

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП на град Виница. Донесен со одлука бр.0201-579 од 28.10.1997 година и ДУП на град Виница за Блок 12, донесен со одлука бр.07-1085 од 29.10.2010 година и ДУП за село Трсино број 0201-579/2 од 28.10.1997 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, намена на парцелите, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, бруто развиена површина, максимална височина, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Ред. бр.

Број на град. парц.

Намена на градежна парцела

Бр. на катаст. парц. (сите КО  Виница)

Површна град. парц. (м2)

Површ на градба (м2)

Проц. на изград. (%)

Коеф. на искорист.

1

Г.П бр.3

А1-домување во станбени куќи

11201/3

11202/3

11202/4

11204/2

423

88

20,80

0,62

2

Г.П бр.4

А1-домување во станбени куќи

11202/2

11201/2

400

88

22,00

0,66

3

Г.П бр. 3/ Илинденска

Основна – А2 –Домување во станбени згради Компатибилна – Б2 Комерцијални и деловни дејности

8239/2

8254/2

1921

420

21,86

1,31

4

Г.П бр.5.5

Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија ,сервиси и стоваришта

8851/6

1087

539

49,68

1,48

5

Г.П бр.5.2

Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта

8851/5

1749

952

54,43

1,63

6

Г.П бр. 1/ Никола Карев

Основна - А2, Компатибилни –Б

8075/3

8077/2

8073/2

11440/2

11445/2

3990

728

18,25

1,28

7

Г.П бр.1/ Плоштад

Основна - А2

Компатибилни –Б

8513

8514

8515/1

8519/4

8519/8

3643

1825

50

2,56

8

Г.П бр.1/Трсино

Основна -Г2,Г3,Г4  –Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта

КО-Трсино

1977/4

2080

/

/

/

 




Ред. бр.

Број на град. парц.

Бруто разв. површ.

Макс. височина

Почет. цена по м2 (денар)

Вкупна Почетна цена

(денари)

Депозит за учество на електронско јавно наддавање (денари)

1

Г.П бр.3

/

8,70

61,00

25803,00

2581,00

2

Г.П бр.4

/

8,70

61,00

24400,00

2440,00

3

Г.П бр. 3/ Илинденска

2520

16,20

1040,00

1997840,00

199784,00

4

Г.П бр.5.5

1619

10,20

61,00

66307,00

6631,00

5

Г.П бр.5.2

2857

10,20

61,00

106689,00

10669,00

6

Г.П бр. 1/ Никола Карев

5096

П+4+Пк

1.040,00

4.149.600,00

414.960,00

7

Г.П бр.1/ Плоштад

9354

11,00

22,5

1.320,00

4.808.760,00

480.876,00

8

Г.П бр.1/Трсино

/

/

61,00

126.880,00

12.688,00

ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во писмена форма, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела), комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):
1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
2. Доказ за платен депозит;
3. За физичките лица уверение за државјанство;
4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистер;
5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице и
6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање. (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Виница нема обврска да прима и врши корекции на истата)

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени (Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или пак фотокопие заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии). Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели е наведена во Табеларниот преглед.

ДЕПОЗИТ
1. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и изнесува 10 % од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.
2. Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на сметка на Општина Виница и тоа : депонендт:Народна Банка на република Македонија, трезорска сметка: 100000000063095 сметка на буџетски корисник:712014015063016 , приходна шифра 725939 програма 00 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”, за секоја градежна парцела посебно (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);
3. Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.

РОКОВИ
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 28.05.2012 година на адреса на Општина Виница, улица Бел Камен бб - Виница, или директно во писарницата на Општина Виница.
Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
1. Јавното наддавање за ГП .бр.3 ќе започне на 06.06.2012година, во 11:00 часот, и истото ќе трае 30(триесет) минути.
2. Јавното наддавање за ГП.бр.4 ќе започне на 06.06.2012 година во 13:00 часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
3. Јавното наддавање за ГП.бр.3/Илинденска ќе започне на ден 07.06.2012 година во 10:00часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
4. Јавното наддавање за ГП.бр.1/Никола Карев ќе започне на ден 07.06.2012 година во 11:30часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
5. Јавното наддавање за ГП.бр.1/Плоштад ќе започне на ден 07.06.2012 година во 13:00часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
6. Јавното наддавање за ГП.бр.5.5 ќе започне на ден 08.06.2012 година во 10:00часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
7. Јавното наддавање за ГП.бр.5.2 ќе започне на ден 08.06.2012 година во 11:30часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.
8. Јавното наддавање за ГП.бр.1/Трсино ќе започне на ден 08.06.2012 година во 13:00часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.

ПОСТАПКА
1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
2. На денот на одржување на електроското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.
3. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.
4. Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Виница.
5. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
6. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10 денари за ГП бр. 3, ГП бр.4, ГП бр.5.5 и ГП бр.5.2 и ГП.бр.1/Трсино, 104 денари за ГП бр.3/Илинденска, ГП бр.1/Никола Карев , и 132 денари за ГП бр.1/Плоштад.
7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Продолжување на крајниот рок е дозволено најмногу три пати во текот на јавното наддавање.
8. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
9. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
10. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.
11. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
12. По извршената уплата во утврдениот рок Општина Виница склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежната парцела која што е со површина до 5.000 м2, а за објекти со површина над 5.000 м2 да обезбеди одобрение за градба во рок од 12 месеци, согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 20% од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок од 6 години од прибавеното одобрение, при што доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, договорот ќе се раскине и истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец.
13. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.
14. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
15. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
16. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Виница www.opstinavinica.gov.mk

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk