Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Се објавува Јавен повик за идејни решенија за уредување на делот од Градскиот парк во Виница, кој се наоѓа покрај мотел Парк на КП 8440 КО Виница со површина од 0.46ха за намена Д1- парковско зеленило, односно помеѓу:

- од север ул. Браќа Миладинови;
- од исток Виничка река;
- од југ ул. Маршал Тито и
- од запад ул. Димитар Влахов.

Услови:
- идејните решенија да бидат во размер 1:250 или 1:500;
- да се почитува постојната состојба со распоредот на засадените дрва;
- да се предвиди хидрантска мрежа за наводнување и други портеби и
- покрај графичките прилози, идејните решенија да содржат и текстуално образложение на решението.

Јавниот повик е отворен 30 дена од денот на објавувањето, 02.09.2011 година.
За најдобрите понудени идејни решенија е предвидена награда во вредност:
- за прво место сума од 10.000 денари;
- за второ место сума од 8.000 денари и
- за трето место сума од 6.000 денари.

Подигнувањето на подлогите за изработка на идејните решенија, може да го извршат во просториите на Инфо- центарот во Општина Виница, на трети кат, или во дигитална верзија да си ги симнете од овде.
Идејните решенија се доставуваат во 2 преимерока, под шифра во затворен плик, на адреса ул. Бел Камен бб, 2310 Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk