Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Република Македонија
Проект за Подобрување на Општинските Услуги – МСИП
Кредит Бр. 7699-МК
МСИП 023/12 (НЦБ)

1. Овој Повик за Доставување на Понуди го следи Општото Известување за набавки за овој проект објавено во изданието UN Development Business, бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавено на 06 Јануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој, за Проектот за подобрување на општинските услови и има намера дел од доделените сретства од овој кредит да ги искористи за исплата по договор за "набавка на возила за собирање на смет " IFB #: MSIP 023/12 (NCB).

3. Општината Виница во оваа прилика ги поканува соодветните и квалификувани понудувачи да ги достават своите запечатени понуди за набавка на возила за транспорт и прибирање на отпад со 5 м3 и 8 м3 капацитет на надградбата како и со можност на собирање и транспорт на отпад и смет од контејнери со зафатнина од 1,1 м3 и 120 л.

4. Наддавањето ќе биде спроведено преку процедурите на Национално Конкурентно Наддавање - (NCB) како што е наведено во Упатствата за Набавки IBRD Заеми и IDA кредити на Светската Банка , (мај 2004 и ревидирани во октомври 2006 и јануари 2010), и е отворено за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во Тендерската Документацијата.

5. Заинтересираните соодветни понудувачи може да се обратат за повеќе информации до:
Општина Виница
До: Горан Николов
Град, Виница и да изврши увид во Тендерската Документација на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00.

6. Условите за квалификација вклучуваат:
Финансиска способност:
Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 450.000,00 ЕУР во било која од последните три години. Доколку понудувачот е во форма на заедничко вложување (Joint Venture), сите членови на заедничкото вложување треба заеднички да ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Носителот на заедничкото вложување треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените квалификацииони услови.

Искуство и технички капацитет:
Понудувачот треба да достави референтна листа за не помалку од два (2) успешно реализирани договори во тек на изминатите пет (5) години за набавка на вкупно не помалку од 6 возила за собирање на смет вклучувајќи возила за собирање и транспорт на смет со капацитет од 5м3 и 8 м3 на надградбата. Доколку понудувачот е во форма на заедничко вложување (Joint Venture), сите членови на заедничкото вложување треба заеднички да ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација и секој член на заедничкото вложување треба да има најмалку еден успешно извршен сличен договор во последните 5 години за набавка на слични добра.

Понудувачот треба да достави детален опис на пост продажните услуги и резервни делови на располагање во земјата на купувачот за производите во понудата. Доколку таквите услуги не се достапни во земјата на набавувачот, на истиот понидувачот ќе му презентира со својата кандидатура и писмена потврда дека доколку му е доделен тендерот, тој ќе биде претставуван преку Застапник/Агент во земјата на набавувачот, како што се бара во ITB точката 19.1 (б) и БДС ITB Клаузула 19.1 (б). Ако како понудувач е успешен, тој ќе достави документиран доказ за именување на квалификувани агенти во рамките на 28 дена од приемот на известувањето за доделување на тендерот.Неможноста да се достават овие докази ќе претставува доволна основа за поништување на доделување на договорот. Во тој случај, Купувачот може да го додели договорот на следниот во рангот на најниско оценети квалификувани понудувачи, како што е дефинирано во точката 44.2 ITB.

Понудувачот треба да достави документиран доказ за гаранција дека добрата кои ги нуди ги исполнува следните услови за употреба: Понудувачот треба да достави технички карактеристики во согласност со бараната спецификација на технички карактеристики за понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

7. Комплетен сет од тендерската документација на македонски јазик може да биде откупен од страна на заинтересираните понудувачи по доставување на писмено барање на подолу наведената адреса:
Општина Виница
Горан Николов
адреса: Бел Камен бб
Виница, Поштенски Код: 2310
Република Македонија

и по уплата на неповратен надомест од 50 евра или противвредност во македонски денари (МКД) во согласност со продажниот девизен курс на Народната банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

a) За плаќања во денари сметка број
Народна банка на Република Македонија-100000000063095
Сметка на корисник - 712014015063016
Приходна шифра и програма 725939 00

Комплетот Тендерска документација ќе биде испратен во електронска и печатена форма и преку брза пошта (DHL) на адресите доставени од страна на Понудувачите во форма на писмено барање.

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса:
Општина Виница
адреса: Бел Камен бб
Архива
Виница, Поштенски Код:2310
Република Македонија

не подоцна од:
12:00 часот (по локално време) на 14 јануари, 2013 година

Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од не помалку од 270.000.00 денари.

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу: Општина Виница, адреса: Бел Камен бб, Виница, Поштенски Код: 2310 Република Македонија во:

12:00 часот попладне (по локално веме) на 14 јануари 2013 година

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk