Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Јавен увид и јавна расправа по Нацрт - Извештаите за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за: Детален урбанистички план за Блок „4“ во градот Виница

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр.53/05; 81/05; 24/07; 159/08; 83/09, 48/2010, 124/10 и 51/11) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на РМ бр.147/08 и 45/11), Градоначалникот на општина Виница

О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и јавна расправа по Нацрт - Извештаите за стратегиска оцена
на влијанието на животната средина за:
Детален урбанистички план за Блок „4“ во градот Виница

1. Се известува јавноста дека е во тек јавен увид и јавна расправа по Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за: Детален урбанистички план за Блок „4“, во градот Виница;
2. Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина ќе биде изложен во Општина Виница во Инфо-центарот, на 3-ти кат, секој работен ден од 08,00 – 16,00 часот, почнувајќи од 10.08. 2012 година до 09.09.2012 година.
3. Јавната расправа ќе се одржи на ден (вторник) 21.08.2012 година во 12,00 часот, во салата за состаноци на Општина Виница на 4-ти кат.
4. Правните и физичките лица и јавноста, можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Виница во просториите каде што е изложен Извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на ова известување.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да ги дадат своите мислења, забелешки и предлози по Извештајот; а истите можат да ги испратат и по електронски пат на и-мејлот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на адреса: Општина Виница ул.Бел Камен бр.13, 2310 Виница. Извештајот за Деталниот урбанистички план за Блок „4“ во градот Виница, ќе бидат објавени на веб страницата на Општина Виница: www.opstinavinica.gov.mk Известувањето на јавноста за организирањето на јавен увид и јавна расправа ќе биде објавено на огласната табла на Општина Виница.

ОПШТИНА ВИНИЦА
Градоначалник,
Дипл.екк. Емил Дончев

Извештај за стратегиска оценка на Детален урбанистички план блок 4, Плански опфат помеѓу: ул. „Илинденска“, ул. „2001“, ул. „2003“, Општина Виница.
симнете
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk