Мени



Веб страни

Соработници

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Полициската станица Виница по повод предстојните Првомајски празници, апелира до учесниците во сообраќајот за совесно и одговорно однесување.
Ги потсетуваме возачите, задолжително пред тргнување на пат да ја проверат техничката исправност на возилата. Козумирањето на алкохолот а потоа управување возило е неразумна постапка и во најмала рака ќе Ве чини парична казна и времено одземање на возачката дозвола од страна на сообраќајната полиција, а во најлоша варијанта може да Ве чини и живот.

Поради зголемена фрекфенција на сообраќајот обратете внимание на почитување на ограничување на брзината.
Пешаците и велосипедистите како најранлива категорија да внимаваат и совесно однесуваат бидејки токму тие се се почести жртви во сообраќајот.
Моторциклистите да ги почитуваат сообраќајните правила без кацига да не седнуваат на мотор а доколку возат совозач да обезбедат кацига и за него.
Сопствениците на домовите пред заминување на излет добро да проверат дали им се обезбедени домовите како би се заштитиле од несакани кражби и оштетување.

Ви посакуваме среќни празници.

ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА - ВИНИЦА
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk